Connect with us

Фудбал

Јас сум добро, но видов човек како умира до мене-фудбалерот за хоророт кој го преживеа во супермаркет во Италија (ВИДЕО)

Доцна вчера, во градче во близина на Милано се случи напад од страна на непознато лице во супермаркет со нож, при што убил едно лице, а повредил четири други. Меѓу повредените бил и Пабло Мари, фудбалер на Арсенал, кој во моментов настапува како позајмен во Монца.

Веднаш по инцидентот се огласија од Арсенал од каде велат дека контактирале со агентот на фудбалерот кој им рекол дека е полесно повреден и дека е во болница, но надвор од животна опасност.

Пабло Мари проговори низ што поминал.

„Неколку моменти пред нападот одев низ продавницата туркајќи количка во која беше моето дете, наеднаш почувствував голема болка во грбот, како да добив грч. Имав среќа затоа што видов како човек умиpa пред мене, му беше прeceчен вратот. Јас сум добро во понеделник се враќам на терените“, изјави Мари.