Connect with us

Други спортови

Јас сум во рингот на 13. април, а од Вајлдер зависи дали ќе боксувам против него

Иако датумот на борбата е одамна познат, името на противникот со кој ќе се бори Британецот Ентони Џошуа се уште е непознат. Британецот му нуди борба на ВБЦ шампионот Деонтеј Вајлдер за обединување на титулите, но загеа Американецот ја одбива борбата, бидејќи сака реванш меч против Тајсон Фјури.

Џошуа уште еднаш го повика Вајлдер во рингот, а доколку повторно го одбие тој во рингот повторно ќе мора да се сретне со Дилан Вајт.

-Имам интересна информација. Тренерот на Фјурти вели дека му треба одмор, бидејќи тој само што се вратил. Деонте Вајлдер сега е во незавидна позиција, бидејќи се обиде да ме избегне. Ќе видиме што ќе каже сега. Јас ќе бидам во рингот на 13 април наредната година, а од него зависи дали тоа ќе биде борба против него или пак шанса ќе добие Вајт, изјави Џошуа и додаде:

-Вајт има предност пред Џерал Милер. Се бореше против  подобри боксери и моја должност е да му дадам  шанса. Ако не боксувам против Вајлдер или пак Фјури , Дилан е тој со кого ќе се сретнам во рингот, истакан Британецот.