Connect with us

Фудбал

Јовановски и Стјепановиќ едногласни: Веруваме во успех против Хонвед

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски верува дека нашиот неговите избраници можат да ја минат првата пречка во квалификациите за Лигата на Европа, унгарски Хонвед.

– Верувам дека ќе успееме во оваа европска пресметка, иако кога ни падна Хонвед можеби многумина и не прежалија. Јасно е дека го почитуваме противникот, но веруваме и во своите квалитети. Имаме реални шанси да одиме понатаму, рече Јовановски на денешната прес-конференција.

Слично размислува и новиот капитен на тимот, Остоја Стјепановиќ.

– На нас е да го дадеме максимумот. Имаме квалитет, работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека сме добро воиграни и ќе дадеме се за да се пласираме во следното коло. Хонвед е квалитетен тим, но и ние имаме верба во себе, истакна Стјепановиќ.

Првиот натпревар од двојната пресметка меѓу Работнички и Хонвед се игра утре од 17:30 часот на игралиштето на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ во Скопје. Реваншот е на 17 јули во Будимпешта.