Connect with us

Фудбал

Јовиќ во 96-та минута ја остави Србија во живот, Словенците не можат да поверуваат (ВИДЕО)

Србија го слави херојот Лука Јовиќ. Влезе на местото на Влаховиќ во 64-та минута, а во 96-тата по корнерот погоди со глава за конечни 1:1 против Словенија, со што ја остави Србија „во живот“ за следната фаза. Словенците не можат да поверуваат што им се случи. Водеа до 96-та минута со голот на Карничник во 69-та, а испуштија победа буквално пред финишот на мечот, бидејќи судијата веднаш по голот на Србија означи крај.

Во терминот од 18 часот играат Данска и Англија од оваа група. Во моментов Англија има 3 бодови, Словенија 2, Данска и Србија по 1. За патниците во второто рунда од ЕУРО 2024-та година ќе се одлучува во следното, последно трето коло во кое Словенија ќе игра против Англија, а Србија против Данска.