Connect with us

Фудбал

Јунајтед го доведе првото засилување ова лето, пристигна напаѓачот кој го споредуваат со Ибрахимовиќ

Манчестер Јунајтед денеска дефинитивно се договори за пристигнувањето на првото засилување во летниот преоден рок, бидејќи беше комплетиран трансферот на Џошуа Зиркзe. Зиркзe на „Олд Трафорд“ ќе пристигне од италијанска Болоња, за која Холанѓанецот одигра одлични партии минатата сезона и го привлече вниманието на многу великани. На крајот за неговиот потпис се бореа Милан и Јунајтед, а Росонерите пред неколку дена се повлекоа од преговорите.

Се очекуваше Јунајтед да ја активира откупната клаузула од 40 милиони евра во договорот на Зиркзе, но Фабрицио Романо денеска откри дека „црвените ѓаволи“ успеале да склучат подобар договор и да платат помалку. Зиркзе, кого некои во Италија го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ, ќе потпише договор со Јунајтед до летото 2029 година.