Connect with us

Фудбал

Јунајтед ја победи Астон Вила и се изедначи со Ливерпул на врвот на Премиер лигата

Манчестер Јунајтед ја победи Астон Вила со 2:1 на „Олд Трафорд“ во 17. коло од Премиер лигата и се изедначи со Ливерпул на врвот на табелата.

Во една навистина одлична партија, „црвените ѓаволи“ освоиа три поени и останаа целосно вклучени во борбата за титулата англиски шампион.

Првото полувреме донесе отворена игра и неколку шанси на двете страни. Една од тие шанси искористи и претвори во гол Ентони Марсијал.

Ван-Бисака одлично се пробие по десната страна. Го пронајде Марсијал кој постигна многу добар гол покрај заспаната одбрана на Астон Вила за 1:0 .

Со овој резултат екипите заминаа на одмор, а потоа Вила тргна во офанзива. Де Геа неколкупати го спасуваше домашниот тим со одлични одбрани, но не можеше во 58. минута од средбата.

Одбраната на Јунајтед заспа. Гостите брзо го изведоа прекинот, Грелиш го наоѓа Траоре, а тој погоди за 1:1.

Радоста на гостите не траеше долго бидејќи три минути подоцна Јунајтед повторно поведе. Пол Погба се избори за пенал, а Бруно Фернандес погоди за 2:1 .

По вториот гол домашниот тим создаде уште неколку убави шанси. Мартинез, сепак, бранеше многу добро и го спаси својот тим, оставајќи ги во игра.

Тогаш Вилја тргна кон гол што ќе им донесе барем бод. Тие се обидоа на секој начин да дојдат до него, но не успеаја да постигнат гол и резултатот остана 2:1.

Со овие три бода, Јунајтед се изедначи со Ливерпул на врвот на табелата во Премиер лигата. Двете екипи имаат по 33 поени и натпревар помалку, додека Асто Вила е шеста и има 26 поени.