Connect with us

Фудбал

Јунајтед конечно најде купувач за Марсијал

Ентони Марсијал повеќе не е посакуван во Манчестер Јунајтед. Затоа челниците на клубот од Олд Трафорд упорно се обидуваа да му најдат нов клуб на Французинот, се чини дека конечно успеаја.

Марсијал пристигна во Јунајтед како големо засилување, во 2015 година од Монако беше платен 36 милиони фунти. Неговиот договор истекува на крајот од тековната сезона, а единствена шанса тимот од Манчестер да поврати некој денар е да го продаде во јануарскиот преоден рок.

Според италијанските медиуми, така ќе биде, Марсијал кариерата ќе ја продолжи во Серија А во Интер. Италијанскиот тим сака позајмица со задолжително откупување на крајот од сезоната, во висина од осум милиони евра.

Сепак, Марсијал има други опции. Тој би можел да остане до крајот на договорот во Јунајтед, а веќе во зима да се договори со нов клуб, а на лето да замине без обештетување.

Инаку, Марсијал добива се помалку шанси во Јунајтед, не е во плановите на Тен Хаг, пред него се Рашфорд и Хојлунд.