Connect with us

Фудбал

Јунајтед не го сака Зидан, потполна поддршка на Мурињо

Раководството на Манчестер Јунајтед ја отфрли можноста да го назначи Зинедин Зидан како менаџер на клубот.

Не му оди баш најдобро на Јунајтед во новата сезона со Жозе Мурињо, па се појавија гласините дека може да го наследи поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој сè уште нема работа.

Можеби навивачите на Јунајтед би сакале Зидан да биде на клупата наместо Мурињо, бидејќи Французинот направи многу со Реал, но управата на тимот од Олд Трафорд ја одби таквата можност.

Мурињо доби целосна поддршка од управата на Јунајтед, без оглед на поразот од 3:2 од Брајтон и катастрофалниот натпревар.

Морињо со Јунајтед во првата сезона ја освоија Лига Европа, ЕФЛ Купот и Комјунити Шилд.