Connect with us

Фудбал

Јунајтед посилен за Погба и Ибрахимовиќ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо на располагање за следниот дуел од Премиер лигата ќе ги има Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ, објавија англиските медиуми.

Двете ѕвезди на Јунајтед подолго време беа надвор од теренот поради повреди.

Погба пропушти 12 меча по повредата добиена во Лигата на шампионите на средбата со Базел, додека Ибрахимовиќ повеќе од пола година закрепнуваше откако се повреди на дуелот со Андерлехт.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл е закажан за сабота (18 ноември) со почеток од 18 часот и 30 минути.