Фудбал
Јунајтед со соопштение за заминувањето на Мурињо, еве кога се очекува нов тренер во клубот
Португалецот Жозе Мурињо по две години поминати во Манчестер Јунајтед, заминува од „Олд Трафорд“.
Во официјалното соопштение клубот наведува дека Мурињо го напуштил Манчестер споразумно.
-Клубот сака да му се заблагодари на Жозе за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина. Новиот менаџер ќе биде назначен до крајот на сезоната, додека клубот спроведува темелен процес на регрутација за нов менаџер со полно работно време.
Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.
Под водство на 55-годишниот Мурињо, Манчестер го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.