Connect with us

Фудбал

Јунајтед водеше до 89-та минута, Сити се спаси, а потоа и победи на пенали за нов трофеј (ВИДЕО)

Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед во пресметката во Комјунити шилд на пенали, за прв трофеј во новата сезона. По првичното испитување на силите, Сити имаше две големи шанси преку Боб и Мекати. На тоа возврати Рашфорд, кој беше малку непрецизен, а Доку го затвори првото полувреме со уште едно промашување од потенцијална ситуација.

Јунајтед беше поконкретен во вториот дел, а на осум минути пред крајот поведе откако Гарначо погоди на асистенција на Фернандеш.

Сепак, славјето на „црвените ѓаволи“ траеше само седум минути. Боб му додаде на Силва кој го матира голманот за големо славје од синиот дел од публиката на стадионот.

Регуларните 90 минути набрзо завршија, па почна пенал-рулетот. Фудбалерите на Сити беа поумешни и посреќни во шутот од белата точка и со тоа го освоија првиот трофеј во новата сезона.

Клучно беше промашувањето на Еванс, додека претходните пенали не ги искористија Силва на едната и Санчо на другата страна. Пеналите за Сити ги реализираа Де Брујн, Халанд, Савио, Едерсон, Нунес, Дијас и Аканџи. Фернандеш, Далот, Гарначо, Касемиро, Мектоминај и Мартинез погодија за Јунајтед.