Поврзи се со нас

Фудбал

Јурген Клоп уморен? Дали неговите зборови треба да ги загрижат навивачите на Ливерпул?

Јурген Клоп направи неверојатни работи со овој тим од пристигнувањето во Ливерпул, а сега конечно успеа да ја врати англиската титула на „Енфилд“.

Неговиот договор со актуелниот шампион на Англија трае уште четири години, поточно, истекува во средината на 2024 година.

Во неговите досегашни изјави, Клоп рече дека веројатно ќе го заврши договорот до крај, но и дека со задоволство би ја прифатил поканата за преземање на селекторската позиција во германската репрезентација.

Сепак, во својата последна изјава тој рече нешто што може да ги загрижи сите навивачи на Ливерпул кои уживаат да го гледаат својот тим под подство на Клоп.

„Откако ќе истече договорот со Ливерпул, ќе одморам една година и ќе се прашам дали ми недостасува фудбал. Ако мојот одговор е не, тогаш тоа ќе биде крај на мојата тренерска кариера“, рече Јирген Клоп.

Advertisement

Facebook

Реклама