Тајмаут
Јутјубер му порача на Роналдо дека наскоро умира, реакцијата беше хит: Ќе живеам 100 години
Во последната емисија на каналот Јутјуб, Кристијано Роналдо беше домаќин на популарниот инфлуенсер Mr Beast, а за време на гостувањето имаа многу интересен и опуштен разговор.
Роналдо на својот канал на Јутјуб објави дека следниот гостин ќе го „скрши интернетот“, а додека тоа не се случи, најави гостување на својот канал на популарниот јутјубер Роналдо на својот канал на Јутјуб објави дека следниот гостин ќе го „скрши интернетот“, а додека тоа не се случи, најави гостување на својот канал на популарниот јутјубер Mr. Beast. Во еден момент разговорот стана вирален, а се однесува на годините на Роналдо. Mr.Beast беше изненаден од фактот дека Роналдо наполни 39 години и се уште игра сериозен фудбал. Изненаден од годините на Роналдо,рече: „Скоро 40? Умираш (наскоро), како е тоа?“.
Mr Beast warns Cristiano Ronaldo that he is about to die 😳 pic.twitter.com/NqqFE2Oqir
— Cuhtz (@iCuhtz) November 21, 2024
Роналдо најпрво се изненади, но и се насмеа од пораката на јутјуберот, на која имаше одличен одговор. „Ќе живеам 100 години, само да знаете. Во фудбалот ова е долга кариера бидејќи се пензионирате на 33, 34 или 36 години“, изјави Португалецот.
Инаку, Mr Beast е најпопуларниот Јутјубер во светот со рекордни 331 милион претплатници. Од друга страна, му се „заканува“ Роналдо, кој за неполни три месеци доби 67 милиони претплатници.