Connect with us

Фудбал

Јуве и Мората се договорија, се чека Челзи: Во игра е двегодишна позајмица, со откуп до 2020 година

Алваро Мората и Јувентус постигнаа договор. Без двоумење, Шпанецот изрази желба да се врати во Торино.

Јувентус понуди 15 милиони евра за позајмица, со задолжителен откуп на крајот од сезоната за 45 милиони евра. Челзи одби. Сепак, јасно е дека поранешниот играч на Реал Мадрид не сака повеќе да игра за “Плавите” и дека по секоја цена сака да биде меѓу “Бјанконерите”, но постојат две страни кои треба да се договорат. 

Прво, неговата плата во Челзи е девет милиони евра, што е еден и пол милион повеќе отколку што добива Гонзало Игуаин, најплатениот играч во Јувентус. Второ, предлогот на “Старата дама”, Мората да дојде на двегодишна позајмица до 2020 година, а пото да го откупи договорот од Челзи.

Алваро Мората минатото лето се пресели во лондонскиот клуб за 66 милиони евра.