Connect with us

Фудбал

Јувентус доби нов капитен

По 17 години, Џанлуиџи Буфон го напушти Јувентус, што значи дека треба да биде избран нов капитен во клубот од Торино.

Раководството на Јувентус одлучи дека Џорџо Киелини, член на Старата дама од 2005 година, во иднина ќе ја носи капитенската лентата. Досега играл 472 натпревари во дресот на Бјанконерите и освоил седум последователни Скудета.

Искусниот дефанзивец беше заменик на Бафон, а од новата сезона тој ќе биде првиот капитен на тимот.