Фудбал
Јувентус доби писмо од УЕФА: Дали Старата дама ќе игра во Лигата на шампионите?
Во последното коло од Серија А, Јувентус благодарение на Верона избори пласман во Лигата на шампионите на теренот.
Во последните недели Јувентус, заедно со Барселона и Реал Мадрид, беше под истрага на УЕФА за формирање на Суперлигата.
Сепак, куќата на европскиот фудбал крена рака и ја запре понатамошната истрага против великаните од Италија и Шпанија.
Италијанските медиуми пишуваат дека на адресата на Јувентус пристигнало писмо од УЕФА, со кое се потврдува учеството на клубот во Лигата на шампионите следната сезона.
Писмото пристигна во понеделникот, на 14 јуни и тоа значи дека Старата дама нема да сноси никакви последици поради лансирањето на Суперлигата.
Бјанконерите по девет години останаа без Скудето, што значи дека ќе бидат во втората силна група на ждрепката на крајот на август.
Инаку, по протестот на навивачите, Атлетико Мадрид, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Интер и Милан претходно се откажаа од идејата за Суперлигата. Сепак, Реал, Барса и Јуве се уште се во „таа приказна“.
Синоќа беше објавено дека УЕФА одлучи деветте клуба кои се повлекоја, да не се казнуваат строго, како што вели поговорката. Овие клубови се согласија со УЕФА дека казните ќе бидат нешто поблаги, односно ќе бидат лишени од пет проценти од заработката што ја имаат во европските натпреварувања следната сезона.
Исто така, деветмина „одметници“ се договорија со УЕФА парична казна од 100 милиони евра доколку потпишат договор за влез во натпревар надвор од УЕФА или 50 милиони евра доколку прекршат какви било други обврски кон куќата на европскиот фудбал. Исто така, ќе треба да платат 15 милиони евра во добротворна организација.
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус тогаш се најдоа на мета на УЕФА, која најави строги казни за овие клубови затоа што не се откажуваат од Суперлигата. Но, овие клубови утрово издадоа официјални изјави и испратија јасна порака.
Овие клубови јасно ставија до знаење дека одбиваат да се откажат од идејата за Суперлигата, но дека се подготвени да преговараат со УЕФА и ФИФА за иднината на фудбалот со цел да се обидат да го најдат најдоброто решение.
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус јасно ставија до знаење дека заканите на УЕФА се неосновани, несоодветни и законски забранети и дека ниту УЕФА ниту ФИФА немаат право да казнуваат суперлигашки екипи по сопствена иницијатива.