Connect with us

Фудбал

Јувентус донел одлука, познат и наследникот на Андреа Пирло, добро познато име

Раководството на Јувентус донело одлука. Без разлика како ќе заврши сезонава, односно дали Пирло ќе успее да обезбеди Лига на шампиони или не, сепак ќе добие отказ. Според информациите од Италија, веќе се знае и наследникот. Тој е добро познато име. Станува збор за Масимилиано Алегри.

Алегри на клупата на Јувентус беше од 2014 до 2019 година. Освои пет титули шампион, четири Купа и два Суперкупа на Италија. Во тој период Јувентус играше и две финалиња во Лигата на шампионите.