Connect with us

Фудбал

Јувентус го избра Облак за замена на Буфон

Италијанскиот шампион Јувентус се чини ја најде замената за легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој многу веројатно ќе ја заврши својата кариера на крајот на оваа сезона.

Иако прва опција за замена за Буфон беше полскиот голман Војчех Шчесни, сепак во Торино ќе пристигне Јан Облак, објави „АС“. Облак е голман на Ателтико Мадрид и со квалитетите што ги поседува, во Јувентус очекуваат да биде достојна замена за 39-годишниот Буфон.

Словенечкиот чувар на мрежата има 24 години и во него Јувентус гледа долгорочно решение за голманската позиција.

Облак минатата сезона на 30 натпревари прими само 21 гол што е во просек помалку од еден на натпревар.

Евентуален проблем за потенцијалниот трансфер  може да претставува откупната клаузула за предвремен раскин на договорот која изнесува 100 милиони евра, досега неверојатна сума за еден голман. Облак има актуелен договор со Атлетико до 2021 година.