Фудбал
Јувентус и Суарез блиску до договор, Нејмар се обидува да ги расипе плановите
Луис Суарез веќе неколку денови се поврзува со Јувентус, кој се обидува да пронајде вистинско решение и партнер во нападот на Роналдо. Познато е дека Игуаин заминува.
Сепак, во целата приказна наводно се вклучил и Нејмар. Тој е добар пријател со Суарез, па според дел од француските медиуми, тој го контактирал Уругваецот да го праша дали би му се приклучил во ПСЖ.
Со оглед на тоа дека францускиот тим се ослободи од Единсон Кавани и Тијаго Силва, кои имаа големи плати, имаат доволен буџет да му понудат повисока плата на Суарез, од онаа што ќе ја добие од Јувентус, пишуваат француските медиуми.