Connect with us

Фудбал

Јувентус, Интер и Наполи извисија, Аргентинецот се сели кај Алиоски во Лидс

Иако за неговите услуги се заинтересирани од поодамна Јувентус, Интер и Наполи, сепак Родриго Де Паул од Удинезе ќе се пресели во Лидс. Барем така тврдат италијанските медиуми, кои објавија дека тој ги договорил сите детали за личните услови со повратникот во англиската лига.

Тренерот Марсело Бјелса претходно го донесе Морено, а сега Де Паул на средината на теренот, па се чини дека Лидс и нашиот Алиоски нема само да се борат за опстанок во лигата.

Останува да се договорат Лидс и Удинезе, а сумата е околу 40 милиони евра. Де Паул има 26 години и во последните 2-3 сезони важи за еден од најдобрите играчи за врска во Италија.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com