Фудбал
Јувентус ја загуби трката за титулата, па се огласи за Роналдо-Одлуката е донесена
По поразот од Беневенто на домашен терен од 1:0, се чини дека Јувентус ја заврши трката за шампионската титула. Уште 10 кола до крајот има, а Јувентус заостанува цели десет бодови зад лидерот Интер.
Но, по мечот се огласи директорот на тимот Фабио Паратиќи за иднината на Кристијано Роналдо. Тој во две реченици во интервју за „Скај Спорт“ ги реши сите дилеми.
-Се одлучивме да го задржиме Кристијано Роналдо. Тој е најдобриот играч на светот и ќе остане со нас, изјави Паратиќи ставајќи точка на сите шпекулации во изминатиот период за негово можно заминување во ПСЖ, Манчестер Јунајтед, или враќање во Реал Мадрид.
Роналдо има договор со Јуве до 2022.