Connect with us

Фудбал

Јувентус ќе добие напаѓачки тандем кои заедно имаат 70 години

Суарез, Џеко, Кавани, Милик, Жиру, овие имиња се спомнуваа како кандидати да го заменат Гонзало Игуаин во Јувентус. Сепак, според најновите информации, тоа ќе биде босанскиот интернационалец Един Џеко. Суарез отпадна поради тоа што нема италијански пасош, а „Старата дама“ веќе го пополнила дозволениот број на странци, Жиру изјави дека останува во Челзи поради новиот проект, а Милик се сели во Рома.

Така што најверојатно Џеко ќе биде партнер на Роналдо во нападот на Јувентус. Босанецот има 34 години, а Роналдо 35, што значи дека овие двајца напаѓачи заедно имаат безмалку 70 години. Некои медиуми го спомнаа тоа како проблем, пред се во битката за пехари, но сепак некои велат дека тоа не е никаков проблем.

Еден од нив е познатиот италијански спортски новинар Марио Сконцерти.

-Кристијано и Един ќе биде прв напаѓачки тандем кој заедно ќе има 80 години. Дали тоа е проблем? Тоа е само нешто што не беше реално во изминатите години. Денеска сме во фаза на транзиција кога е јасно дека играчкиот век се продолжил, но се уште не знаеме уште колку долго, вели новинарот.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com