Connect with us

Фудбал

Јувентус ќе му приреди на Маркизио, она што никогаш не можел ни да го сонува

Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркизио ги изненади навивачите на Јувентус со одлуката да побара од клубот за пријателска пауза на соработката.

Маркизио речиси целата своја кариера ја помина во дресот на Старата дама, но Јувентус одлучи да го прифати неговиот предлог, а официјално договорот се прекина пред неколку дена. Овој 32-годишен играч од средниот ред не е задоволен со минутажата во Јувентус и одлучи да бара среќа во друг клуб.

Тој денес со емотивна порака се збогува од навивачите на Јувентус, а неговата кариера ќе продолжи во Монако. Сепак, лидерите на Старата дама ја израдуваа јавноста со одлуката да се збогува на посебен начин од играч кој ја посвети својата кариера на дресот на Јувентус.

Всушност, Јуве во второто коло од Серија А овој викенд на свој терен ќе го пречека Лацио, а Маркизио ќе пред почетокот на натпреварот ќе се збогува од навивачите и соиграчите. Во Јувентус одлучија да приредат голема прошка на својот веќе поранешен играч, а тоа ќе го направат во одличен стил.