Connect with us

Фудбал

Јувентус конечно го дочека големото засилување

Торинскиот Јувентус денеска ќе добие големо засилување.

Нов член на Старата дама од Торино ќе стане одличниот играч за врска Мануел Локатели кој доаѓа од редовите на Сасуоло.

Италијанскиот репрезентативец сакаше да ги засили „Бјанконерите“. Преговорите меѓу двата тима траеја долго, а вчера конечно беше постигнат договор.

Локатели веднаш се упати кон Торино. Тој пристигна во овој град доцна синоќа, а утрово се појави на лекарски прегледи.

По завршувањето на сите потребни прегледи, Локатели ќе потпише договор со Старата дама која ќе го врзува за клубот до јуни 2026 година.

Сасуоло ќе добие 35 милиони евра како компензација за овој трансфер, и секако треба да се напомене дека според договорот, Локатели ќе игра како позајмен играч во Јувентус првите две сезони.

Во последните три сезони, Локатели играше феноменално во дресот на Сасуоло. Постигна седум гола на 99 настапи и привлече големо внимание кон себе.

Многу големи тимови го сакаа во своите редови. Сепак, тој само сакаше да замине во Јувентус и таа желба на крајот се исполни.

Локатели се појави во младинските селекции на Милан. За првиот тим на Росонерите одигра 63 натпревари, но лесно се откажаа на Сан Сиро од него.