Фудбал
Јувентус на чуден начин го објави потписот на Алегри: Тајните пораки ги препознаа само вистинските навивачи
Торински Јувентус го претстави новиот тренер на феноменален начин.
Масимилијано Алегри уште еднаш ќе го преземе раководството на торинскиот великан, кој го официјализираше своето враќање со низа интересни пораки на социјалните мрежи.
Тие прво поставија мапа на американската држава Минесота и тоа беше првиот поим за секој што добро го познава Јувентус дека Алегри е новиот тренер.
— JuventusFC (@juventusfc) May 28, 2021
Поимот, сепак, нема никаква врска со оваа земја, туку со реченицата што ја рече Алегри за време на неговиот прв престој на клупата на Старата дама.
Алегри во 2018 година изјави дека обожава трки со коњи и зборуваше за коњот наречен „Минесота“.
„Обожавав да одам на трки со коњи, дури и кога имав пет години. Одлучив да се обложам на коњот наречен „Минесота“, а од обложувалницата тогаш ми рекоа: Попрво ќе управуваш со клуб од Серија А отколку Минесота да победи на трката“, откри Алегри, а потоа додаде:
„Минесота победи на таа трка и сега сум тренер на Јувентус“, истакна Алегри
— JuventusFC (@juventusfc) May 28, 2021
По картата на Минесота, Јувентус објави и фотографија од палтото на теренот, односно тоа е фотографија од палтото на Алегри што го фрли за време на еден натпревар во Серија А против Карпи
A falta de confirmación oficial… ? pic.twitter.com/TdZ1Bx5EGR
— SportsCenter (@SC_ESPN) May 28, 2021
Алегри потпиша четиригодишен договор со Јувентус вреден 28 милиони евра, а се очекува овој стручњак да има многу поголема улога во создавањето на тимот.
Од раководството на Старата дама ќе добие слобода да избере играчи кои сака да ги донесе и ќе ја има улогата што ја имаат англиските менаџери.
Одличниот стручњак остана на клупата на Јувентус од 2014 до 2019 година. Во тој период освои вкупно 11 трофеи, а исто така одигра и две финалиња во Лигата на шампионите.
Тој го водеше тимот на вкупно 271 натпревар. Оствари 191 победа, 43 ремија и 37 порази.