Connect with us

Фудбал

Јувентус постави огромна цена за Миралем Пјаниќ

Јувентус е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ.

Шпанските и италијанските медиуми вчера објавија дека Барселона и Реал Мадрид се натпреваруваат за потписот на одличниот фудбалер на Јувентус, па тимот од Торино одлучи да ги „преслуша“ заинтересираните страни.

Како што пишува „Tuttosport“, „Старата дама“ постави цена за Пјаниќ. Клубот кој сака да го донесе во своите редови ќе мора да одвои околу 80 милиони евра, а тоа е цената под која Јуве нема намера да го продаде.

Барселона и Реал Мадрид ги имаат тие пари. Сепак, прашањето е дали тие сакаат да инвестираат толку многу пари во Пјаниќ, иако тој е една од најдобрите играчи од средниот ред во Европа.

Двата клуба го гледаат Пианиќ како идеален фудбалер за нивната поставеност и наводно имаат намера да го ангажираат ова лето.

И минатата сезона, Пјаниќ беше брилијантен во дресот на „Бјанконероите“. Тој настапил на 44 натпревари и постигна седум гола и 14 асистенции.

Покрај шпанските гиганти со Пјаниќ, се уште се поврзува и Манчестер Сити.