Connect with us

Фудбал

Јувентус повторно на плус девет во однос на Наполи

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус синоќа на домашен терен го победи Киево со 3:0 и ја врати предноста на девет бода во однос на второпласираниот на табелата Наполи.

Головите за „Бјанко-нерите“ ги постигнаа Коста, Чан и Ругани.

Во поразениот тим до 58. Минута играше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

На првиот дуел одигран вчера во рамките на 20.коло од Серија А Милан ја победи Џенова на гости со 2:0.

Табела по 20 одиграни рунди: Јувентус 56 бода, Наполи 47, Интер 40, Милан 34, Рома 33, Лацио 32,…