Фудбал
Јувентус сака да го задржи Бернардески, но и да му ја намали платата
Играчот од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација, Федерико Бернардески има договор со Старата дама до крајот од сезоната.
Сепак, постои можност споменатиот фудбалер во иднина да настапува за Јувентус доколку ја прифати понудата на „Старата дама“ за продолжување на соработката.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е подготвен да му понуди на Бернардески нов договор на четири години, но со приходи помали за 30 отсто.
Сепак, преговорите не одат во добра насока бидејќи италијанскиот репрезентативец не е задоволен од понудата, па со својот агент се обидува Јувентус да ги подобри условите за потпишување нов договор.
Ваквата ситуација ја следат многу клубови кои се надеваат дека Јувентус и Бернардески нема да се договорат, па ќе можат да го ангажираат во летниот преоден рок без да платат отштета.