Connect with us

Фудбал

Јувентус се откажа од Спинацола – Потпишува петгодишен договор со Рома


Леонардо Спинацола се договори со Рома и ќе игра за римската волчица во следните пет години. Одличниот бек на Јувентус имаше супер сезона во редовите на Старата дама, иако имаше доста маки со повредите, па одлучи да ја смени средината.
Спинацола ќе заработува по 3 милиони евра годишно, што е за повеќе од двојно повеќе од платата што ја имаше во Јувентус.
Во дилот со Спинацола, Јувентус сака да го вклучи Лоренцо Пелегрини, 23-годишниот играч од средниот ред на Рома. Пелегрини е едно од најпријатните изненадувања во сезоната што заврши во Серија А, а веќе нанижа и 10 настапи за италијанската репрезентација.
За него Рома и Јувентус се уште немаат постигнато договор, иако Старата дама сериозно притиска да го донесе во Торино.
.

Извор: Sportmanija.mk