Connect with us

Фудбал

Јувентус сè уште не преговара со Роналдо, еден клуб подготви „астрономска“ плата

Судбината на Кристијано Роналдо ќе биде една од водечките теми во европскиот фудбал.

Роналдо неодамна го извести својот менаџер дека сака да го напушти Јувентус и да ја продолжи кариерата во ПСЖ, но се чини дека нема да биде толку едноставно како што можеше да замисли Португалецот.

Агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш има план Португалецот да го продолжи договорот со Јувентус на уште една година, но прашање е дали и самиот фудбалер ќе се согласи на оваа опција.

Оваа вест ја пренесува угледната „La Gazzetta dello Sport“, па затоа доби уште поголема тежина.

Сè уште нема преговори меѓу Јувентус и Роналдо, а ПСЖ добро ја следи ситуацијата и ако им се верува на пишувањата на италијанските медиуми, принцовите се подготвени да му понудат на Роналдо 33 милиони евра по сезона.

На пример, Роналдо има 31 милиони евра по сезона во Јувентус, но прашање е колку парите играат улога во целата приказна, со оглед на тоа дека Португалецот е близу до крајот на неговата кариера и може да има некои различни планови на крајот од неговата богата и одлична кариера.

Фановите на Јувентус се надеваат дека ќе го гледаат Роналдо во торинскиот клуб барем уште една сезона, а истото го посакува и агентот Мендеш.

Португалија испадна од ЕУРО во осминафиналето, Роналдо моментално е на одмор, па ќе мора да почекаме уште неколку дена за уште поконкретни одговори во врска со кариерата на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.