Connect with us

Фудбал

Јувентус тргнува по нова аргентинска „машина“

Торинскиот Јувентус сака да го доведе младиот аргентински напаѓач Хулијан Алварез (21).

Талентираниот 21-годишен фудбалер оваа сезона блеска во дресот на аргентинскиот великан Ривер Плата и привлече големо внимание кон себе.

За неговите услуги се распрашуваат бројни европски клубови, а првиот чекор кон неговото доведување го направи Јувентус.

Според „ESPN“, „Старата дама“ испратила понуда до Ривера од 25 милиони евра кои би ги платиле на две рати.

Сепак, оваа понуда беше одбиена. Ривер бара 20 милиони евра веднаш со дополнителни бонуси кои би го зголемиле трансферот на 25 милиони евра.

Преговорите меѓу двете страни се уште се во тек. Торинскиот клуб очајно посакува феноменален напаѓач од кој се очекува одлична кариера.

Во 2021 година Алварез постигна 19 гола на 40 настапи, а член на првиот тим е од 2018 година.

Алварез веќе има многу трофеи во своите раце. Тој ги освои Копа Либертадорес, Копа Америка, Купот на Аргентина.

Реклама

Facebook

Реклама