Connect with us

Ракомет

Кадетите ја преслушаа и Полска

Кадетската женска ракометна репрезентација на Македонија продолжува во победнички ритам на турнирот што се одржува во салата „Автокоманда“ во Скопје.  „Црвено – жолтите“ во третито натпревар ја забележаа и третата победа, откако славеа над Полска со 25:22.

Клучната предност беше создадена во првото полувреме во кое Македонија обезбеди предност од 14:11, што потоа знаеше да ја задржи до самиот крај на натпреварот.

Македонија вечерва во рамките од четвртото коло ќе ги одмери силите со кадетите од Србија, а утре на програмата е последниот дуел против Унгарија, кој ќе даде одговор која селекција ќе го освои пехарот на овој силен турнир.

Б-селекцијата на Македонија денеска во рамките од третото коло претрпе минимален пораз од Србија од 24:25.