Кошарка
Кајл Лаури ќе игра на првиот натпревар од второто коло во плејофот против Бостон
Орландо, 30 август 2020 (МИА) – Според инсајдерот на „The Athletic“, Шамс Харанија, поентерот на Торонто, Кајл Лаури, ќе може да учествува во првиот натпревар од второто коло во плејофот против Бостон.
Натпреварот е закажан за вечер во 19 часот.
Во четвртиот натпревар од серијата од првото коло со Бруклин, Лаури го повреди скочниот зглоб.
Триесет и четиригодишниот играч има просек од 19,4 поени, 5,0 скока и 7,5 асистенции по натпревар оваа сезона. зс/