Connect with us

Фудбал

Кака има фаворит за Златната топка, а тоа не е Роналдо

Некогашниот играч од средниот ред на Милан и Реал Мадрид, Кака, има свој фаворит за освојување на Златната топка.

Легендарниот Бразилец смета дека Лука Модриќ би требало да ја освои оваа награда.

Модриќ зад себе има импресивни резултати. Успеа да освои Лига на шампиони со Реал Мадрид и да дојде до финалето на Светското првенство со Хрватска. Тој е човек создава спектакл и кој командува со играта на својот тим“ порача Кака во образложението зошто Лука Модриќ би требало да биде најдобар на светот, а потоа го пофали и Килијан Мбапе.

„Мбапе исто така е силен. Пред него е цела кариера, така да иднината е негова“ рече Кака.

Тој ја искористи шансата да каже дека Јувентус е фаворит за освојување на Лигата на шампионите, но додаде дека Реал, Барса и ПСЖ се веднаш зад нив.