Connect with us

Фудбал

Како беше пречекана Шпанија во Косово?

Синоќа Шпанија очекувано славеше над Косово со 2:0.

Имаше голема напнатост пред овој натпревар бидејќи Шпанците не го признаваат Косово. На прес -конференција пред неколку дена, Шпанците не сакаа ниту да го кажат името на оваа земја, туку ги нарекоа „домашен тим“.

Новинарите ги прашаа Шпанците затоа прават така, но тие не добија одговор.

По првиот натпревар, тие дури и го напишаа Косово со мали букви.

Сега навивачите на Косово возвратија. За време на интонирањето на шпанската химна, тие беа поздравени со кореографија и порака: „Добредојдовте во Република Косово“.