Фудбал
Како ФА ги „ограби“ момчињата со комбето: Тимот од петтата лига изгуби милион фунти, но водоинсталатерот стана ноќна мора за играчите на Тотенхем
ФА Купот е најстарото фудбалско натпреварување во светот, а неговата магија лежи токму во тоа што им дава шанса на тимовите од пониските лиги да ги изненадат фаворитите. Од година во година, приказните за „убивањето џинови“ стануваат дел од традицијата, додека аутсајдерите ја зграпчуваат можноста да напишат историја.
Марин, осмолигаш од предградијата на Ливерпул, стигна до третото коло во 2021 година, додека Линколн Сити играше во четврт-финалето во 2017 година. Минатата сезона, шестолигашот Мејдстон Јунајтед ја воодушеви публиката со тоа што стигна до петтото коло пред да биде поразен од полуфиналистите Ковентри. Ваквите подвизи го потврдуваат посебниот шарм на ова натпреварување – можност соништата да станат реалност и фудбалот навистина да биде спорт во кој секогаш се можни изненадувања. Затоа што, има нешто романтично во тоа што аутсајдер оди во битка како Давид против Голијат.
Tottenham are getting the absolute piss taken out of them by a 32 year old plumber from Tamworth😭😭😭
How’s he doing this as the last man🤣🤣🤣 pic.twitter.com/q2PJMo8jXb
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) January 12, 2025
Но, не сите мислат така. Пред сè, Фудбалската асоцијација на Англија, која го воведе ФА Купот во 1871 година. Основачот од оваа сезона ги укина повторените натпревари во купот и затоа храбрите играчи на Тамворт не добија можност да отпатуваат во Лондон на реваншот со Тотенхем. Момците од место на 20 километри од Бирмингем ремизираа 0-0 со во 90 минути, но примија три гола во судиското продолжение кога тренерот Ајнге Постекоглу на терен ги донесе Соланке, Сон, Кулушевски… Освен уште една игра и можност да слават, останаа без околу милион фунти, кои би ги добиле од продажба на билети. Во ФА Купот приходот се дели подеднакво.
Our Women’s team supporting @tamworthfc today in the FA Cup🏆🔴You did us proud!🐑 pic.twitter.com/AGOFUwIdyp
— Tamworth FC Women (@tamworthfcwomen) January 12, 2025
За клуб со годишен буџет од 1,6 милиони фунти, „милион“ е сума што би променила се. За Тотенхем тоа е само капка во морето. Инаку, оваа промена е дел од новиот шестгодишен договор меѓу ФА и Премиер лигата, а беше воведена поради се попреполниот фудбалски календар, вклучувајќи го и проширувањето на натпреварувањата на УЕФА и новиот формат на Светското клупско првенство. Елиминацијата на повторените натпревари има за цел да го намали обемот на работа на клубовите и играчите, овозможувајќи им повеќе време за одмор. Навивачите ова го „читаа“ како нов обид богатите клубови да бидат уште побогати. Одмор за фудбалерите не недостига, бидејќи Тотенхем и Њукасл играат пријателски натпревар во Австралија, само два дена по завршувањето на Премиер лигата. Така, играчите ќе одат директно од теренот во авионот, а потоа на лет од 15 часа за двата клуба да ги земат парите за кои играчите на Тамворт можат само да сонуваат.
Дел од договорот е клубовите од ФА и Премиер лигата да инвестираат повеќе пари во таканаречениот фонд на стадиони, до кој помалите клубови можат да пристапат за да ја подобрат инфраструктурата. Сепак, за играчите, од кои многумина работат од 9 до 5, нема бонус пари. Така, 32-годишниот Хејден Холис, дефанзивецот на Тамворт кој беше прогласен за играч на натпреварот, доби само пофалница. Инаку, Хејден работи како водоинсталатер и ден по мечот со Тотенхем работеше прва смена.
Клубот поради тоа мораше да ја покачи цената на билетите за натпреварот против лондонскиот гигант, кои чинат од 38 на 42 фунти, што е на ниво на Премиер лигата. Дури и децата помлади од 10 години платиле дури 25 фунти за да влезат на трибините на стадионот Ламб Граунд. Беше организирана и фан зона, а влезот чинеше 10 фунти. Затоа, не е изненадување што фановите напишаа на социјалните мрежи дека навивачите кои живеат напорно мора да „платат висока цена за да гледаат тим на кој играат милионери“.