Connect with us

Фудбал

Како некој да ги проколнал – Уште една ѕвезда на Аргентина не оди на СП

Како што се ближи Светското првенство, така се зголемуваат проблемите на аргентинскиот селектор Сампаоли.

Прво се повреди фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланцини и отпадна од списокот за Мундијалот, а сега под знак прашалник е и Евер Банга.

Искусниот играч од средниот ред на Севиља, се повреди на тренингот и постојат големи шанси да го пропушти Светското првенство.

Немаме официјална информација, но Сампаоли е во големи проблеми. Можеби подобро ќе биде да ги откаже тренинзите пред почетокот на Мундијалот.