Фудбал
Како што сега стојат работите, Меси ќе ја освои осмата Златна топка
Пред три дена се одржа церемонијата на доделувањето на Златната топка за 2022-та.
Очекувано, победник беше Карим Бензема, додека минатогодишниот победник Лионел Меси воопшто не беше номиниран, првпат по 2005 година.
Неколку дена по доделувањето на трофејот за оваа сезона, изданието Goal претстави како во моментов изгледаат фаворитите за Златната топка 2023 година.

Според цитираниот извор, Лионел Меси е на првото место, што секако е помалку изненадување. Со 12 гола и осум асистенции на стартот од оваа сезона, Аргентинецот е во неверојатно враќање во форма.
По Лионел Меси следуваат двајца соиграчи од ПСЖ, Нејмар (13 гола и 11 асистенции) и Килијан Мбапе (13 гола и една асистенција).
Со 21 гол и три асистенции, Ерлинг Халанд е само на четвртата позиција, а еден од недостатоците на Норвежанецот е што неговата репрезентација не се пласираше на Светското првенство во Катар.
Доколку навистина ја освои, тоа би било рекордна осма Златна топка за Меси, додека првиот вицешампион Кристијано Роналдо има пет и тешко дека следната сезона ќе биде ни блиску до освојување на оваа награда.
Многумина на прво место го издвојуваат Ерлинг Халанд кој е во неверојатна форма. Ако не за Златната топка, тој дефинитивно е првиот кандидат за освојување на наградата Герд Милер за најдобар стрелец.