Фудбал
Како тоа Мартинез најдобар голман, а Ливаковиќ од Хрватска?! (ФОТО)
Голманот на Аргентина, Емилиано Мартинез е прогласен за најдобар на штотуки завршеното Светско првенство. Во финалето одбрани пенал во серијата, во финишот на продолженијата можеби спаси чист гол, но дали ова признание се доделува за само еден меч.

Нешто тука не е во ред. Имено, статистички гледано, многу поуспешен и подобар од него беше хрватскиот голман Ливаковиќ. „Sofascore“, портал кој долги години се занимава со статистика на фудбалерите, го објави учинокот на Ливаковиќ и Мартинез на ова СП. Далеку, далеку поуспешен е Ливаковиќ, кој е најзаслужен за бронзениот медал на Хрватска. Е, сега, ако признанието најдобар голман се доделува само според учинокот во финалето, тогаш можеме да кажеме ОК е, затоа што Мартинез беше на вистина на задачата. Но, ако се земе предвид целото СП, тогаш дефинитивно ова признание требаше да замине во рацете на Ливаковиќ.