Connect with us

Фудбал

Каков гол на Тео Ернандез, Милан со лекција за Лацио (ВИДЕО)

Откако доживеаја пораз од Интер со 3:1 пред десетина дена, Лацио повторно со наведната глава го напушта Милано. Овој пат Милан му одржа лекција и целосно го надигра со 2:0. По само 17 минути игра Бенасер постигна гол за 1:0, а потоа Тео Ернандез во 29-тата минута претрча цел терен од контра и постигна фантастичен гол за 2:0. Ова се покажа како конечен резултат. Вреди да се напомене дека еден од најдобрите играчи на Милан, Леао поради повреда мораше да ја напушти играта во 11 минута, што секако може да биде голем проблем во пресрет на пресметката со Интер во полуфиналето на ЛШ на 10-ти мај.