Connect with us

Фудбал

Каков играч-Кевин де Брујн ги остави менаџерите без огромните провизии, договорот го завршил сам

Одличниот белгиски играч за врска Кевин де Брујн потпиша нов договор со Манчестер Сити кој ќе има важност до 2025-та година. Она што е интересно е тоа што тој ги остави менаџерите без големите провизии. Имено, како што пишуваат тамошните медиуми Кевин де Брујн работата сам ја заврши. Не сакал никој да му се меша, па самиот преговарал. Успеал да издејствува и зголемување на платата.

Според актуелниот договор добива 280 илјади фунти неделно, а според новиот таа сума ќе изнесува 310 илјади фунти неделно.

Де Брујн во Сити дојде во 2015-та година од Волфсбург. Одигра 255 мечеви, на кои запишал 65 голови и 105 асистенции. Покрај овие два клуба, во својата кариера играл уште за Челзи, Вердер и Генк.