Фудбал
Каков кикс на Реал Мадрид (ВИДЕО)
Реал Мадрид претрпе пораз од Мајорка во 20.коло со 1:0, со што и овозможи на Барселона со евентуална победа да „избега“ на плус осум поени. Голот беше дело на Начо Фернандез кој ја затресе сопствената мрежа во 13-та минута. Освен него, трагичар на мечот е и Асенсио кој промаши пенал. Барселона на првото место има 50 бодови и натпревар помалу, а Реал Мадрид е втор со 45. Вечерва од 21 часот и Барселона има тежок меч, игра против Севиља.
Standings provided by Sofascore