Connect with us

Фудбал

Каков меч, фантастичен меч на Галатасарај и Манчестер Јунајтед со шест голови (ВИДЕО)

Галатасарај и Манчестер Јунајтед одиграа фантастичен меч со шест голови во Истанбул. Неутралните љубители на фудбалот сигурно уживаа, додека навивачите на Јунајтед или Галатасарај жалат, бидејќи и едните и другите можеа да победат. Сепак, на крајот 3:3. Јунајтед има повеќе причини да жали бидејќи имаше водство од 2:о со головите на Гарначо во 11-та и прекрасниот погодок на Фернандеш во 18-та. Сепак, Зијеш постигнува убав гол од слободен удар во 29-та за 2:1.

Во вториот дел во 55-та Мектоминај му носи водство повторно од два гола на Јунајтед, но во 62 минута Зијеш повторно на сцена со негов втор гол. Конечните 3:3 ги постави Арукоглу во 71-та минута. Од оваа група Баерн Минхен е сигурен патник во осминафиналето, а Копенхаген, Галатасарај и Јунајтед ќе се борат за второто место во последното коло.

Standings provided by Sofascore