Фудбал
Каков меч на Брентфорд, големиот Ливерпул на колена (ВИДЕО)
Фудбалерите на Брентфорд направија изненадување во Лондон, совладаувајќи тимот на Ливерпул со резултат 3:1 во 19. коло од англиската Премиер лига.
„Црвените“ со неочекуван пораз ја прекинаа серијата од четири победи, а ќе имаат за што да жалат по неколкуте пропуштени прилики, особено оние на Нуњез на почетокот од мечот.
Се играше 19. минута кога топката од Конате се одби во мрежата на Ливерпул и Брентфорд дојде во водство.
„Пчелите“ трпеливо ја чекаа својата шанса и ја добија во 40. минута кога погоди Виса, но тој гол беше поништен поради офсајд.
Две минути подоцна немаше спас за Алисон – топката ја мина линијата по ударот на Виза, па момците на Јирген Клоп заостанаа два гола по првите 45 минути.
Германскиот стручњак направи три измени на полувремето и тоа му даде нова енергија на тимот, па Дарвин Нуњез избега на неговите чувари и ја затресе мрежата на голманот неколку минути по почетокот на вториот дел од натпреварот.
Сепак, ВАР собата сигнализираше офсајд, па голот беше поништен.
Надеж за Ливерпул дојде веќе во 50. минута, Окслејд-Чембрлен се најде на вистинското место во вистинско време и по центаршутот на Александар-Арнолд со глава ја упати топката во мрежата.
И токму кога гостинските навивачи се надеваа дека Ливерпул може да избегне пораз, следеше студен туш.
Долга топка од половината на Брентфорд му создаде проблеми на Конате, Брајан Мбеумо ја искористи и ладнокрвно ја реши ситуацијата „еден на еден“ со Алисон во 84. минута од натпреварот.
Брентфорд со оваа победа стигна до седмата позиција во Премиер лигата со 26 бодови, додека Ливерпул е шести со два бода повеќе, но и натпревар помалку од „пчелите“.