Connect with us

Фудбал

Каков шут на Елмас, немаше среќа, статива, Осимен, па гол (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот меч против Салернитана, на кој неговиот тим Наполи славеше со 2:0 и стигна до 50 бодови во Серија А. По голот на Ди Лоренцо за 1:0, Елмас директно учествуваше во постигнувањето на вториот гол кој го постигна Осимен. Македонскиот репрезентативец од далечина со убав шут ја погоди стативата, но немаше среќа топката да заврши во гол. Таа се одби до Осимен, кој лесно ја смести во голот на Салернитана.