Фудбал
Каква изјава на Зидан за можното враќање на Роналдо во Реал: Добро му е во Јувентус!
Голем број на светски медиуми вчера објавија вест дека менаџерот на Кристијано Роналдо Жорге Мендеш разговарал со челниците на Реал Мадрид за можно враќање на Португалецот. Сепак, најновата изјава на Зинедин Зидан веројатно ова нема да се случи.
-Сите знаете колку Роналдо значи за Реал Мадрид и што се не направи за овој клуб. Сепак, тој е фудбалер на Јувентус и таму му оди навистина добро. Не можам ништо да кажам на таа тема и мораме тоа да го почитуваме, вели Зидан.