Connect with us

Фудбал

Каква лудница: Лукаку пее и ја слави титулата на Интер низ улиците во Милано

Интер стана новиот шампион на Италија.

Нероазурите убедливо стигнаа до титулата во Серија А, и ова е нивно 19. Скудето во клупската историја.

По натпреварот помеѓу Сасуола и Аталанта (1:1), кој на крајот му донесе титула на Интер, навивачите на тимот од Милано излегоа на улиците да го прослават Скудетото.

Додека навивачите слават, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој е еден од најзаслужните за неговиот тим на врвот во Серија А, тргна на славеничко возење.

Одличниот фудбалер на тимот од „Џузепе Меаца“ вози по улиците на Милано, пее и навива, а навивачите на Интер го поздравуваат.

„Шампиони, шампиони“, пееше Лукаку додека возеше низ улиците на Милано.

Лукаку е навистина фантастичен во дресот на Интер оваа сезона. Тој постигна вкупно 27 гола во сите натпреварувања, а 21 во Серија А.

Без никаква дилема, Белгиецот има големи заслуги во освојувањето на Скудетото. Честопати, неговите голови оваа сезона носеа поени и не е ни чудо што тој слави на овој начин.

Нема сомнение дека со оваа прослава ги купи апсолутно сите навивачи на Интер и дека тој е вистински херој на Нероазурите.