Фудбал
Каква вечер за Кореја, пресврт и победа над Португалија за осминафинале, Уругвај ги пакува коферите (ВИДЕО)
Португалија е во осминафинале како прва во групата, а помеѓу 16-те најдобри селекции на Светот ќе им се приклучи Јужна Кореја, која токму против нив славеше со 2:1. И, тоа каква поведа, со пресврт. Херој на јужнокорејците е Хван Хи Чан кој погоди во првата минута од судиското продолжение. Претходно, Португалците поведоа во 5-та минута преку Хорта, а израмни Ким Јонг Гвон во 27-та минута.
Уругвај е губитникот на вечерта, бидејќи и покрај победата од 2:0 против Гана, сепак ќе мора да ги пакуваат коферите. Имено, Јужна Кореја оди понатаму само поради подобрата гол разлика, односно повеќе постигнати голови. Оваа селекција има гол разлика 4:4, додека Уругвај 2:2, па поради тоа тие одат дома, а Јужна Кореја во осминафиналето. Двете селекции имаат по четири бода, Гана е на последното место со 3 бодови, а со две победи Португалија како прва оди во осминафинале.
Вечерва на програмата се нови возбудувања, Србија против Швајцарија, а Бразил против Камерун. Селекцијата на Бразил има шест бодови и веќе се пласираше во следната рунда, а вечерва се бара вториот патник.