Фудбал
Кан поради изјава го нападна Хумелс
Во големото дерби на германскиот фудбал Баерн синоќа беше поразен од Борусија со резултат од 3:2.
Два пати „Баварците“ водеа во Дортмунд, но два пати домаќинот ја стигаше предноста и на крајот дојде до победа по која има предност од седум бода во Бундеслигата.
По поразот следуваше нов бран на критики на сметка на Баерн и Нико Ковач, на кој деновите на „Алианц Арена“ дефинитивно му се одбројани, а на удар на критики се најде и Матс Хумелс. Стоперот на Баерн Минхен му замери на тренерот што не го замени по првото полувреме, затоа што не се чувствуваше најдобро, а таквата изјава му засмета на легендата на клубот Оливер Кан.
„Морате да се запрашате што се случува со играчите. Да, Хумелс ја загуби топката, а потоа и дуелот, па беше заменет. Но, потоа не мора да се оправдува дека беше болен. ТРоа нема смисла, тоа не оди така“, кажа некогашниот голман на Баерн Минхен.
За Баерн ова беше третиот пораз во сезонава.