Connect with us

Фудбал

Канада ја „фати“ Хрватска на спиење, а потоа доживеа потоп (ВИДЕО)

Фантастичен, ефикасен, психолошки добар меч одигра селекцијата на Хрватска против Канада. Славеше со 4:1 и сега заедно со Мароко имаат по четири бодови. Сами ќе одлучуваат за пласман во следната рунда.

Но, Канада на денешниот дуел ги „фати“ Хрватите на „спиење“. По само две минути игра Дејвис погоди за 1:0. Како одминуваше времето, Хрватска се повеќе ја преземаше контролата над мечот, па во 36-та преку Крамариќ и 44-та Ливаја направија пресврт и поведоа со 2:1.

Во вториот дел отворен фудбал од двете страни, но сепак Хрватска покажа дека голот во 2-та минута на Канада беше само момент на невнимание. Крамариќ во 70-та и Мајер во 94-та погодија за убедлива победа од 4:1.

Во последното трето коло Хрватска ќе игра против Белгија, а Канада против Мароко.